X
 21.03.2017 Вработување

Оглас за вработување во Шпаркасе банка - Македонија АД Скопје

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ И КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИ, ДИРЕКЦИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ (1 позиција во Централа - Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- ВСС, Економски факултет;
- финансии, сметководство, ревизија;
- 3 години работно искуство во делокругот на Финансиите (искуството во банкарска или друга финансиска организација ќе се смета за предност);
- напредно познавање на работа со компјутер (MS Office, со акцент на Excel или други алатки за работа со бази на податоци);
- активно познавање на англискиот јазик (познавањето на германски јазик ќе се смета за предност);
- организациски и комуникациски вештини, тимска работа, одговорност, аналитичност, способност за презентација на статистички податоци.

Опис на работното место/одговорности:

- Активно учество во подготовка на извештаи кои служат како инпути во процесот на планирање;
- Пружање на техничка помош и поддршка на останатите служби и деловни единици во процесот на планирање;
- Се грижи за усогласеноста на инпутите добиени во процесот на планирање во смисла на нивна конзистентност и поврзаност;
- Мониторинг и анализа на профитабилност на ниво на Банката (општи административни и оперативни трошоци) и на деловните линии;
- Анализа на профитабилност по продукти и бизнис линии;
- Учествува во имплементација на решенија во насока на хармонизација со групациските стандарди и барања;
- Помага во изработка на програмски барања и решенија од доменот на Дирекцијата и учество во нивно тестирање.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата 33.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 31.03.2017 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.
Активен до:    31.03.2017

Издвојуваме

Вработување