X
 22.03.2017 Економија

Која е просечната плата на учителите во Швајцарија?

Швајцарија е земја што е синоним за сигурност и удобност, особено кога станува збор за парите. Кантонот Цирих неодамна објави водич за платите во кој може да се види колку се заработува во овие и други професии.

швајцарија


Канцеларијата за економија и работа на кантонот секоја година го објавува водичот за плати. Оваа година на 800 страници објавија податоци за минималната препорачана плата.

Листа на некои професии со просечна или препорачана бруто плата:

Фризер - 2601 CHF (2420 EUR)
Цвеќар - 3800 CHF ( 3540 EUR)
Графички дизајнер - 3800 CHF (3540 EUR)
Столар - 4018 CHF ( 3742 EUR)
Работник во пошта - 4031 CHF (3754 EUR)
Пекар - 4051 CHF (3773 EUR)
Автомеханичар (Цирих) - 4450 CHF ( 4144  EUR)
Кондуктер во воз - 4558 CHF (4245 EUR)

Возач на автобус - 4858 CHF ( 4524 EUR)

Новинар - 5551 CHF ( 5169 EUR)
Социјален работник (Цирих)- 6246 CHF (5817 EUR)
Учител (Цирих)- 7398 CHF (6889 EUR)
Офицер во војска - 8142 CHF ( 7582 EUR)
Јавен обвинител - 10.400 CHF (9685 EUR)
Главен лекар во болница во Цирих - 12.824 CHF (11952 EUR)

Swissinfo.ch пишува дека во Швајцарија често се исплаќа 13 плата. Минимални плати нема, но колективните договори ги поставуваат минималните плати во некои подрачја како кетеринг или хотелиерство. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот е обично од 13 до 20% помал.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија