X
 22.03.2017 Вработување

Министерството за животна средина и просторно планирање вработува... Отворени се 4 работни места

Врз основа на член 22, став 1 алинеа 1 и став 3 од Законот за работни односи Службен Весник на Република Македонија 6р. 62/05, 106/08, 161/08, 130/09, 114/09, 130/09, 10/12, 11/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15) Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

ОГЛАС БР. 1/2017

За вработување на четири извршители на определено време во Проектна единица за имплементација на проект „Реконструкција и проширување на канализационата мрежа и изградба на пречистителна станица за отпадни води"

Советник за мониторинг за спроведување на инфраструктурни проекти 4 извршители Проектна единица за имплементација на проект „Реконструкција и проширување на канализационата мрежа и изградба на пречистителна станица за отпадни води,

- Општина каде е лоцирано работното место:
Куманово - 1 извршител
Радовиш - 1 извршител
Кичево - 1 извршител
Струмица - 1 извршител

- Високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен со Градежен факултет, Архитектонски факултет или Машински факултет (Насоки: Енергетика и екологија и Хидраулично инженерство и менаџмент со води)
- Најмалку 3 години работно искуство
- знаење на англиски јазик
- работа со компјутери Word, Excel)
- работно време: понеделник - петок од 08:30 до 16:30 часот
- нето плата: 24. 998 денари

Покрај посебните услови кандидатите потребно е да ги задоволуваат и општите услови согласно Закон.

Вработувањето е на определено време во период од пријавувањето до 31. 12. 2017година.

Работното место е лоцирано во 4 општини.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават пријава (писмо за интерес), во кое што ќе наведат за кое работно место аплицираат, кратка биографија на македонски јазик, копија од дигшома или уверение за завршено образование и доказ за работното искуство.

МЖСПП се стреми да обезбеди правична застапеност на жените и малцинствата во сите нејзини активности, и ги охрабрува сите кандидати кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој оглас.

Пријавите со документите за исполнување на условите да се достават по пошта до Министерство за животна средина и просторно планирање, бул. Гоце Делчев бр. 18 или лично во архивата на Министерството зграда на МРТВ 10ти кат).

Рок на пријавување 5 дена сметано од денот на објавување.

Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана. На интервЈу ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите. Сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви можности да бидат примени во согласност со нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.
Активен до:    26.03.2017

Издвојуваме

Вработување