X
 22.03.2017 Препорачани огласи

ОГЛАС за практична настава во ПроКредит Банка во Скопје

Потребни услови за аплицирање:
• студенти во третa или четврта година на студии или апсолвенти

Практичната работа ќе опфаќа проверка и подготовка на користени персонални компјутери и монитори, со цел нивно понатамошно користење.

При оваа пракса кандидатот ќе има можност да се запознае со:
- основните компоненти на персоналниот компјутер
- како да направи дијагностика на основни дефекти
- проверка на оперативноста на компјутерските деловите
- инсталирање на оперативен систем

Практичната настава ќе биде со времетраење од 8 часа дневно во период од еден - два месеци. За практичната настава избраните кадидати ќе добијат паричен надоместок од 6000 денари месечно. Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија на job@procreditbank.com.mk со назнака “За практична настава - Скопје” не подоцна од 26.03.2017 година. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Активен до:    26.03.2017

Издвојуваме

Препорачани огласи