X
 22.03.2017 Живот

Временска прогноза за наредниот период

Денес е среда, 22 март 2017 година, 81-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:29, а ќе зајде во 17:51 часот. Денот ќе трае 12 часа и 22 минути.+

САТЕЛИТСКА СЛИКА – Ова утро како и што ви најавивме, претежно ведро и топло време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува сончево и многу топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 17 до 26 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска сончево и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претпладне сончево и топло, попладне појава на локална облачност. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 26 степени. Во петок малку потопло утро со утрински температури од 3 до 11 степени, а во текот на денот сончево и топло време со максимални температури од 16 до 26 степени. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност но и услови за појава на локални врнежи од дожд и опаѓање на максималните температури. Засега се само услови за врнежи од дожд, а веќе од утре ситуацијата ќе биде многу појасна. Во сабота дневните температури од 16 до 25 степени, додека пак во недела тие ќе се движат од 13 до 22 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот