X
 25.03.2017 Технологија

Активирано најголемото вештачко сонце

наука
Фото: German Aerospace Center

Германските научници во четвртокот го ставија во погон најголемото вештачко сонце, чија намена е за истражување на производство на гориво кое нема да му штети на климата.

Уредот наречен „Synlight“ е составен од 149 ксенонски ламби кои обично се користат за симулација на дневна светлина во филмските студија, чија сила е 350 киловати.

Една од главните цели на истражувањето ќе биде производството на водород со цел да се создаде еко-пријателско гориво за авионите.

Водородот најчесто се произведува со електролиза на вода, односно со нејзино разложување на водород и кислород, што е скапа постапка и бара висока потрошувачка на енергијата.

Научниците во Јилих се надеваат дека ќе пронајдат поефикасен начин за производство на водород.

Ако сите ламби од овој проект се фокусираат во една точка, тогаш тие можат да создадат температура од 3.000 степени Целзиусови. Со ова ќе се создаде водена пареа која може да се разложи на водород и кислород.

Иако „Synlight“ во четири часа троши енергија како четиричлено семејство во една година, истражувачите се надеваат дека успешните резултати за брзо време ќе ја надоместат толкавата потрошувачка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија