X
 27.03.2017 Живот

Моќни видеа и фотографии од исклучената Македонија за Часот на планетата Земја

Одбележувањето на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет!

zemja

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјална фотографија направена на Водно во Скопје, на која пишува #EarthHourMK, која беше прогласена за најубава слика направена за акцијата низ цел свет!



Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од малите дечиња – поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“





- „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Скопје и Охрид уште еднаш се вклучија во фамилијата на големи светски метрополи кои го одбележаа Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа голем број на фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Градот Охрид и Црвениот крст на Република Македонија.  – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

ГАЛЕРИЈА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот