X
 27.03.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време нѐ очекува до крајот на овој месец?

Денес е понеделник, 27 март 2017 година, 86-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:20, а ќе зајде во 18:57 часот. Денот ќе трае 12 часа и 37 минути.

Во текот на ноќта недела кон понеделник врнежите постепено престануваа, па во утринските часови имаме претежно облачно и постудено време со пониски утрински температури.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска во утринските часови ќе имаме претежно облачно и постудено утро со утрински температури кои се во опаѓање и ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени. Претпладне намалување на облачноста и до крајнот на денот ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо во однос на температурите кои што ги имавме во изминатите денови, па максималните дневни денеска ќе се движат од 4 до 16 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските часови претежно облачно и постудено време, додека пак претпладне и попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и свежо. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а дневните од 8 до 20 степени. Во среда и четврток претежно сончево и потопло време со пораст на температурите како на утринските кои ќе се движат од -2 до 6 односно од 0 до 8 степени, така и на максималните дневни кои во среда ќе достигнат до 11 односно до 23 степени, а во четврток до 12 односно до 24 степени. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и идентични температури, минималните од 0 до 8 степени, додека пак максималните од 12 до 24 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот