X
 28.03.2017 Здравје

Научниците велат дека настинката ќе се лекува само со еден потег


Бактерии под микроскоп
(Фото: Thinkstock)

Научниците велат дека се еден чекор поблиску кон решавањето на генетската загатка која се крие зад обичната настинка. Истражувачите истакнуваат дека новите антиретровирални лекови кои би го запреле размножувањето на тој вирус за релативно кратко време би биле достапни за употреба.

Како што пишува Си-ен-ен, истражувањето открива дека е подготвен генетски материјал од хуман пареховирус, близок роднина на вирусот што предизвикува настинка. Со користење на математички модели, истражувачите констатирале дека вирусот го таложи својот генетски материјал кој е задолжен за репликација на неколку локации во внатрешноста на клетките. Начинот на таложење на генетскиот материјал е ист кај повеќе видови вируси, што значи дека со откривање на еден лек, би можело да се уништуваат повеќе вируси, меѓу кои и опасниот вирус кој предизвикува детска парализа.

Питер Стокли од Универзитетот во Лидс, вели дека таквото кодирање на генетскиот материјал работи на принцип кој е многу сличен со работата на запчениците во часовникот. „Сега ни е потребен лек кој ќе има ист учинок како уфрлување на песок во механизмот на часовникот. На тој начин би можеле да го онеспособиме секој дел од вирусниот механизам“,вели тој.

Со оглед дека повеќе од две милијарди луѓе секоја година заболуваат од настинка, станува јасно дека се работи за еден од најуспешните вирусни механизми.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје