X
 28.03.2017 Живот

Што не смеете да носите доколку летувате во Грција, Хрватска и Црна Гора

правила

Летото е на прагот, а со тоа се наближуваат и летните одмори. Се патува со сите можни превозни средства - пешки, со велосипед, со мотор, скутер, автомобил, воз, брод, автобус, авион. Луѓето одат на планина, на море, во шума, на езеро... и тоа воглавно преку граница.

За да немаме непријатни ситуации, едно од најважните прашања е што смееме да пренесеме преку граница, а да не ги прекршиме правилата.

Правилата велат дека преку граница не смее да се носи месо, млечни производи, додека овошјето, зеленчукот, благите како и храната за бебиња и домашни миленичиња се дозволени но во ограничени количини. Правилата важат за патување во Хрватска, Грција и Црна Гора, без оглед на тоа што таа не е дел од ЕУ.

Граѓаните кои патуваат во земјите на ЕУ кои имаат потпишано Шенген договор освен биометрискиот пасош треба да имаат помеѓу 35 и 70 евра за секој ден престој во некоја од земјите на ЕУ. Во препораките е наведено дека патниците мораат да имаат пасош валиден најмалку три месеци (во некои земји и шест) од денот на планираниот престој.

Ако на патување сакате да го земете и вашето домашно милениче, пред влегување во Хрватска тие ќе бидат обележани со микрочип или јасно читлив тетовиран број кој мора да биде впишан во меѓународниот сертификат издаден во согласност со важечките законски прописи на Хрватска. Освен вакцина против беснило која животното ја прима на возраст од 3 месеци, миленичињата треба да бидат вакцинирани најмалку 6 месеци и не повеќе од година дена пред патувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот