X
 29.03.2017 Живот

Одлични гости на 22. Бизнис кафе Македонија

Овој четврток (30.03.2017 година), со почеток од 18:00 часот во Brick bar во Парк Хотел и Спа, ќе се оддржи новото, 22-ро по ред издание на најелитниот бизнис настан во државава – Бизнис Кафе Македонија.



Своето животно и бизнис искуство со присутните овојпат ќе го споделат Г-диин Марин Докузовски – моментален тренер на КК Работнички, поранешен македонски професионален кошаркар и поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Вера Милошевска – Јосифовска од музичката група „Љубојна“ и Г-дин Муарем Муртезани – Сопственик и Генерален Менаџер на компанијата „Алма-М” од Скопје.

Настанот како и вообичаено е предвиден да трае од 2 до 3 часа. Првиот дел е резервиран за говорниците кои во опуштена атмосфера и низ прашања од модераторот и посетителите споделуваат свои бизнис искуства и научени животни лекции кои им помогнале успешно да го развијат својот бизнис и да ги пребродат сите препреки кои попатно им се појавиле а потоа е предвиден дел за неформално дружење и нетворкинг меѓу сите присутни.

Карти за настанот може да се резервираат преку Купи Карти за Се на следниов ЛИНК, на фактура со претходна резервација на маил: mkbizniskafe@gmail.com или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот