X
 29.03.2017 Наука

Тим научници изработил модел на менструален циклус

Тереса Вудруф е биолог за репродукција која веќе една деценија им помага на пациенти болни од рак да ја зачуваат способноста да станат биолошки родители и по хемотерапија и зрачење.

чип
Фото извор: Northwestern University

Нејзиниот тим сега најавува минијатурен модел на женски репродуктивен тракт направен од ткива од глушец и човек кој лачи хормони во 28 дневен циклус, само што го собира во дланката. Овој модел не изгледа како оние што се илустрирани во учебниците од средно училиште. Целиот модел го контролира компјутер, а можат да се мерат и естрогенот и прогестеронот, хормоните кои го подготвуваат телото на жената за бременост секој месец.

Во последните 5 години американската влада потрошила преку 100 милиони долари на технологија за развој на прототипи и за повеќе истражувања во овие органи. Од очигледни етички причини на бремените жени не им е дозволено да учествуваат во истражувања за нови лекови и фармацевтските компании немаат направено големи напори да тестираат кандидати. Многу научници не знаат доволно за телото на жената особено ендокриниот систем и како тој се однесува со лекови. Ова објаснува зошто нема добри третмани за заболувања на овие органи.

Тимот на Вудруф поминал две години во комбинирање на ткивата за да почнат сами да растат пред да ги комбинира со микрофлуиден систем направен во лабораторија во Кембриџ, Масачусет. Платформата работи како табла лего со различни тули кои може да се постават и може да држи до 12 различни мини органи. Потребни биле механички измени за да се направи да работи како модел за менструален циклус, а најголемиот дел од прилагодувањата се направени во Вудруф лабораторијата.

Моделот е веќе предложен на неколку фармацевтски компании за тестирање на лекови при што особено ќе се употребува во случаи кога е потребно да се комбинира менструалниот модел со панкреасот или срцето, за да се увиди влијанието врз хормоните.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука