X
 30.03.2017 Технологија

Технологиите на иднината кои ќе станат секојдневие

Младата Американка Кала Лукс во јануари 2015 година родила близнаци, Леви и Колтон. Три месеци подоцна, на Леви му е дијагностицирана тешка комбинирана имунодефициенција (SCID). Децата кои ја имаат болеста имаат толку нарушен имунолошки систем, што мораат да живеат исклучиво во стерилни услови (заштитен балон), кој ги штити од потенцијално смртни инфекции.


Како единствена можност, понудена е експериментална генетска терапија во детската болница во Бостон. Две години по терапијата, Леви е здраво момче кое ужива во играта со својот брат близнак.

Генетската терапија, прв пат е применета во 1990 година и е најавена како револуција во медицината која ќе доведе до лечење на низа генетски заболувања, дури и рак. Но, заради смртен случај во текот на еден клинички зафат во САД, допрени се сите понатамошни обиди за генетско лечење.

Генетска терапија 2.0


Овде станува збор за замена на нарушениот ген со здрав. Потоа здравиот ген се вметнува со помош на ретровирус кој е модифициран на штој начин што нема да може да предизвика болест, Пристапот не е безопасен, бидејќи имунолошкиот систем може да реагира на внесување на вирусот.

За среќа, последните години основните проблеми со генетската терапија се решени, па клиничките испитувања за 40 до 50 болести се во тек. Експертите тврдат дека генетската терапија набрзо ќе премине во секојдневие.

Атлас на човечки клетки

Извонреден технолошки подвиг, чија цел е мапирање и опишување на секоја клетка во човечкото тело, со што би се створил голем атлас кој би можел да преобрази научно разбирање за човековиот раст и создавање на болести.

Научниците денес можат издвојат индивидуални клетк од различни ткива и органи, да ги анализираат нивните својства и потоа да измерат и да опишат кои молекули во нив се создаваат. Експертите ширум светот соработуваат за да го покренат овој проект, а атласот би бил достапен во целиот свет. Научниците се надеваат дека ќе напредне разбирањето на низа болести, меѓу кои и ракот.

“Face ++ “

Меѓу револуционерните технологии е и „плаќање со лице“, технологија развиена од кинеската компанија „Face ++“ за вршење на надзор, но и за практична примена.

Таа технологија се користи во неколку популарни апликации. На пример, со користењето на своето лице може да се изврши пренос на пари преку мобилни апликации за плаќање.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија