X
 31.03.2017 Здравје

Парализиран човек ги поместува рацете со помош на мислите

Човек кој е парализиран после сообраќајна несреќа повторно може да ја придвижува раката благодарение на електричен имплант вграден во мозокот и сензорите во рацете кои примаат сигнали од мозокот, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

парализиран човек


Бил Кочевар кој е парализиран под вратот после осум години може повторно да се храни и да пие без ничија помош. Системот го извршува за него она на што тој помислува.

Процесот е сѐ уште бавен, но научниците кои стојат зад оваа технологија велат дека нивната замисла функционира и се надеваат дека на крај таа ќе постане вообичаен начин на лечење на парализа, како и дека електричните кола и сензорите ќе бидат вгрдени под кожата и бежично поврзани. На тој начин се надеваат дека ќе му помогнат на многу парализирани луѓе.

На Ковачер со операцијата во делот на мозокот задолжен за придвижување на раката му бил вграден имплант поврзан со компјутер. Биле потребни 4 месеци тренинг за компјутерот да може да ги препознае сигналите од имплантот. Во раката му се вградени 36 електроди, за мрдање на пртите, рачниот зглоб, лактот и рамената.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје