X
 01.04.2017 Наука

Иновации кои произлегле од истражувањата на НАСА

Можете ли да поверувате дека само од НАСА се произлезени 2000 иновации. Ова се 10 од нив кои постојат благодарение на истражувањето на вселената.


1. Камера во мобилен телефон, 1995

Ова е дело на НАСА, па дури и технологијата за „селфи“ произлегува од нив.

2. „Dustbuster“, 1981

Идејата потекнува уште од „Apollo“ програмата, кога НАСА се обидуваа да дизајнираат специјална дупчалка за активности на површината на Месечината. Компјутерската програма која била користена за развивање на мотор кој работи на батерии, била употребена и во широката потрошувачка. Па така се создал и „Dustbuster“ , правосмукалка.

3. Мемори пена, 1996

Клучната состојка во вашата удобна перница била развиена за да се апсорбира шокот и да се подобри удобноста на авионските седишта. Таа материја сега се користи за многу намени.

4. Ушен термометар, 1991

Сензорите за термометарот биле развиени наменски за сателити за да се проверува температурата на ѕвездите и другите небесни тела, преку инфрацрвена радијација. Но, потоа биле модифицирани и искористени за термометри кои одлично се вклопиле во секојдневието и ја олесниле работата.

5. Хранливи материи за бебиња, 1985

Кога НАСА се обидувала да најде начин за астронаутите да се хранат здраво за долг период, креирале алги збогатени со нутритивни вредности, и содржеле незаситени масни киселини. Тие состојки ги има и во мајчиното млеко, па потоа се создале и продукти за новороденчиња кои ги содржеле овие нутритивни вредности.

6. Безбедносни бразди за патишта, 1985

Целта била да се помогне во намалување на лизгањето на пистите на НАСА. Па креирањето на тенки бразди каде што водата би можела да се слева, им дозволувало на леталата на НАСА да се спуштаат и во врнежливи услови. Оваа идеја била искористена и на патиштата во САД, а потоа се покажало како добар потег за зголемување на безбедноста.

7. Невидливи протези, 1989

Првично биле развиени за технологија за проектили, а НАСА помогнале во нивна примена во стоматологијата.

8. Леќи отпорни на гребаници, 1983

Ова е создадено благодарение на истражувањето на НАСА за прочистување на водата. Таа технологија е искористена за креирање на леќи.

9. Мали крилја, 1976

Овде станува збор за вертикалните набори на краевите од крилјата на авионот. Тие зачувуваат гориво. НАСА вршеле истражување за намалување на цените на горивото за време на кризата во 1973 година, а потоа нивниот пристап обезбедил поставување на овие вертикални набори и вистинско намалување на трошоците.

10. Срцеви пумпи, 1996

Оваа технологија ги оджува пациентите во живот додека чекаат трансплантација на срце. Идејата произлегла од разговор помеѓу инженер на нАСА и двајца кардио-хирурзи. НАСА го искористиле своето искуство за стимулирање на проток на флуид низ ракетни мотори за да ја развијат технологијата за проток на крв низ човечкото тело.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука