X
 01.04.2017 Технологија

Што значи иконата ‘ракета’ на Вашиот Фејсбук профил?

Илјадници корисници на социјалната мрежа имаат нова опција на Фејсбук апликацијата за која немаат објаснување што значи. Ако ја имате, значи дека сте дел од пробата за втора страница со новости која е комплетно различна од нормалната.


фејсбук икони
Фото извор:news.com.au


Новите карактеристики овозможуваат да се префрлате меѓу две страници, меѓу досегашната страница ‘Home page’, и новата ‘Explore feed’ која покажува слики и видеа од страници кои не ги следите. Фејсбук ги генерира овие на база на личните преференци кои вашите пријатели ги означиле дека им се допаѓаат или кои ги гледале.


Ова е обид на корисниците да им се сервираат свежи информации и да се ослободат од здодевните еднолични работи кои ги читаат врз база на нивните преференци. Фејсбук сѐ уште нема потврдено кога новата функција ќе биде достапна за сите, а пробната верзија е достапна само за Епл корисниците.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија