X
 02.04.2017 Живот

Невидени фотографии од терористичките напади на 9/11

ФБИ објави фотографии кои ги прикажуваат последиците од терористичкиот напад кој се случи во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.

napad
Фото: FBI


Фотографиите ја прикажуваат катастрофата од нападите кога терористи од ал-Каеда со авиони се срушиле во Пентагон. Вкупно 2.996 луѓе загинале, а повеќе од 6.000 луѓе биле повредени.

Првите два авиони удриле во Кулите близначки, 30-40 минути пред третиот авион да удри во Пентагон, додека четвртиот се срушил надвор од населено место. Фотографиите ги прикажуваат пожарникарите како се борат со огнот, рушената зграда Пентагон и делови од авионот.

Фотографиите за прв пат беа објавени во 2011 година, но за брзо време биле тргнати од интернет, па ФБИ сега повторно ги направи достапни за јавноста.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот