X
 04.04.2017 Живот

Македонија - Најнеатрактивната земја во Европа

Каде да патувате во Европа ако сакате да ги посетите сите убави луѓе?

атрактивни нации
Фото: Reddit

Оваа мапа, неодамна поставена од еден корисник на „Reddit“, ги покажува резултатите од анкета на оваа социјална мрежа, прашувајќи ги кои се најатрактивните земји.

Се чини дека Шведска доминира, иако мора да напоменеме дека станува збор за мал дел на испитаници, па анкетата не може да се земе здраво за готово.

33 луѓе рекле Ватикан, а 4 Aндора, додека за нашата земја не гласал апсолутно никој, што нè прави најнеатрактивна нација во Европа.

Глобалното истражување од агенцијата за онлајн состаноци, MissTravel.com во 2014 година направи анкета за најатрактивното население во светот.

Ова се податоците според жените.

1. Австралија
2. Италија
3. Англија
4. Шкотска
5. Шпанија
6. Америка
7. Ирска
8. Бразил.
9. Канада
10. Холандија

Ова се резултатите според мажите

1. Бразил
2. Русија
3. Колумбија
4. Велика Британија
5. Филипини
6. Шпанија
7. Австралија
8. Бугарија
9. Јужна Африка
10. Канада
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот