X
 04.04.2017 Наука

Ни стигнаа чудни сигнали од длабочината на вселената


Компјутерски приказ на планетата Земја
(Фото: Thinkstock)

Некои сметаат дека тие мистериозни импулси би можеле да бидат знаци дека вонземјани се обидуваат да комуницираат со нас, но такви потврди нема. Засега, со сигурност знаеме дека потекнуваат од длабочината на вселената.

Брзите радио-импулси се радио-емисии кои се јавуваат повремено и непостојано, поради што тешко се детектираат и проучуваат. Целосно непознато е од каде точно потекнуваат и што би можело да предизвиува толку кратки и остри сигнали.

„Најбизарното објаснување е дека станува збор за пораки од вонземјани“, вели професорот Метју Бејлис од технолошкиот универзитет Свинбурн во Мелбурн, кој придонел во ново истражување.

Заедно со колегите од Националниот универзитет во Австралија ги детектирале импулсите со помош на радио-телескопот Молонго, поставен во близина на Канбера.

Користејќи специјални софтвери кои ги филтрираат клучните информации во изобилството податоци што ги собира Молонго, научниците откриле можни локации за три брзи радио-импулси.

Сите три се во длабочината на вселената, но еден од нив можеби потекнува од една галаксија.

Истражувањето е објавено во списанието Monthly Notices of Royal Astonomical Society, а преку натамошните истражувања би требало да откриеме од каде, всушност, потекнуваат мистериозните сигнали.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука