X
 05.04.2017 Наука

Дали 2 месеци би лежеле во кревет за плата од 16.000 евра?

Се бараат млади, здрави мажи со желба да лежат на грб и да не прават апсолутно ништо во период од два месеци. Наградата е 16 илјади евра.

лежење
фото извор: Thinkstock

Истржувачи во Францускиот вселенски и медицински институт бараат лица, за како што велат, потенцијална работа од соништата. Волонтерите всушност, треба да поминат 60 дена лежејќи. Ќе се изучуваат ефектите на микро-гравитацијата, виртуелна бестежинска состојба.

24 успешни кандидати, мажи од 20 до 45 години, непушачи, без алергии и индекс на телесна маса помеѓу 22 и 27, ќе поминат преку неколку тестови и мерења.

Научниците тврдат дека сепак се работи за тешка работа, бидејќи сите активности како јадење, миење и слично ќе треба да се извршуваат лежејќи.

Потоа ќе се вршат и испитувања заради поминатото време во лежечка состојба, па ќе се утврдува како и колку тоа влијаело на телото, како што се случува на пример, со астронаутите кои поминуваат долг период во вселената, па потоа имаат потешкотии кога стојат на нозе.

Секој кој сака да се обиде може да аплицира овде.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука