X
 05.04.2017 Култура

Илон Маск вработува 473 луѓе во „SpaceX“ - ги бара овие профили на луѓе

илон маск работа
Фото: Reuters

Кога технолошкиот магнат Илон Маск го основал „SpaceX“ во 2002 година, компанијата  започнала од нула. Денес, оваа компанија вработува стотици луѓе од цела Америка и се прошири и во обем и во моќ, зголемувајќи ги приходите од владата и приватните договори. А во четвртокот, за првпат во историјата, компанијата успеа да лансира веќе рециклирана ракета.

„Ова ќе биде огромна револуција за вселенското летање. Потребни беа 15 години за да се дојде тука. Немам зборови“, изјави Маск за време на преносот во живо.

Како што вели тој, во „SpaceX“ никогаш не е досадно и постојано има работа. Затоа, компанијата има 473 отворени позиции низ 41 оддел, а сите треба да се водат според амбициозната мисија на „SpaceX“:

„Компанијата е основана под верувањето дека иднината каде човештвото ги истражува ѕвездите е фундаментално повозбудливо од иднината во која не ги истражува. Денес „SpaceX“ активно развива технологии за да ја реализира оваа цел, додека крајната мисија е да се овозможи човечки живот на Марс“.

Од 473-те работни места, 313 односно 2/3 се со седиште југозападно од Лос Анџелес. Останатите работни места се низ Браунсвил и Мекгрегор во Тексас; Кејп Карнвал, Флорида; Ирвин и Ванденберг во Калифорнија и Редмонд, Вашингтон.

Околу половина од позициите се наменети за инженери, 33% за техничари, 5% за машинисти, 5% за специјалисти, 5% за менаџери и 1% за директори. Работните места, скоро сите со полно работно време, не бараат диплома или искуство во работата со ракетни мотори, роботи, софтвери, експлозивни горива или други високо-технолошки системи потребни за колонизирање на Марс.

На пример, „SpaceX“ бара советник во Вашингтон за да ги заштити неговите интереси и да обезбеди легална согласност. Или, доколку сте поранешно медицинско лице кое знае како да обезбеди и патролира одредено место, тогаш можете да бидете припадник на безбедносните сили во Ванденберг.

Како изгледа работењето во „SpaceX“?

Луѓето кои работеле во оваа компанија, нудат различни перцепции за нивните искуства во компанијата. Некои од работниците го фалат храброто лидерство на Маск, велејќи дека би направиле сè што тој ќе побара од нив, додека некои поранешни практиканти велат дека луѓето кои работат таму имаат поголема желба да работат отколку да си одат дома, што за брзо време се трошат.

Други пак изјавиле дека вработените во „SpaceX“ се највредните и најпаметните луѓе во светот.

Доколку ова не ве плаши, тогаш добро би било да доставите CV до оваа компанија, но добро би било во него да се вклучени доста сериозни квалификации. И тоа како ќе ви бидат потребни.

Доколку сакате да аплицирате, посетете ја официјалната страна ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура