X
 05.04.2017 Образование

УКЛО бара повлекување на ранг листата на Шангајскиот универзитет

Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“, на седница на Ректорска  управа, денеска, побара повлекување на ранг листата на Шангајскиот универзитет, според која оваа восокообразовна установа, се најде на 7 место од вкупно 19 рангирани универзитети во Македонија.
 uklo

„Ректорската управа на Универзитетот бара повлекување на објавената ранг листа нејзино преиспитување и коригирање врз основа на објективизирани критериуми содржани во однапред позната методологија на сите учесници во рангирањето, во функција на целосно транспарентен процес и обезбедена непристрасност и контрола на квалитетот на резултатите. Универзитетот констатира  непочитување на Берлинските принципи за рангирање на високообразовните установи врз кои треба да се темели рангирањето како и неможност за приговор како уставно загарантирано право за заштита. Ректорската управа смета дека Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола со постигнатите резултати што се темелат на повеќедецениската традиција, дал значаен импакт врз севкупниот едукативен, научен, општествено-економски и културен развој на државата и дека објавената ранг-листа не је отсликува реалната состојба на универзитетите во Република Македонија“, се вели во заклучокот на Ректорската управа кој е достевен до Министерството за образование.

1

Последното рангирање  на Универзитетите во Македонија се однесува на 2015 и 2016 година. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е прв на листата на најновото рангирање на државните и приватните универзитети во државава која ја прави Шангајскиот универзитет Џиао Тонг по барање на Министерството за образование и наука. Втор е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој заостанува зад УКИМ за само три поени. УКИМ досега на листата имаше по 100 поени во сите категории, а годинава за првпат Штипскиот универзитет е подобар во категоријата социјални услуги. Трета најдобра високообразовна институција е Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Битолскиот Универзитет е на седмо место, а тетовскиот на осмо. Меѓу најдобрите приватни универзитети се најдоа Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Американ Колеџ“ и Интернационалниот Балкански Универзитет од Скопје.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование