„Pink Floyd“ секогаш се издвојувале со успешноста на нивните концептуални албуми.
фото извор: modulationdesign.com
Нивниот албум „Animals“ е адаптација на делото на Џорџ Орвел „Animal Farm“. Орвеловата новела е транспарентен напад кон Сталинизмот, а во посените на бендот таа критика повеќе се насочува кон економските и идеолошки системи во либералните демократии.
Орвел ги сведува индивидуите на животински видови и истото го има и во текстовите на „Pink Floyd“, делејќи ги на свињите кои владеат, капиталистичките кучиња и овците – масата со која се владее.
Бендот претставува инспирација за понатамошните музички дела кои следат и од други артисти. Нивните текстови, особено оние од албумот „
Animals“ во сегашно време се уште повеќе релевантни и со длабоко значење. Албумот завршува со неодредена нота, претпазлив, но и полн со надеж: „know that I care what happens to you / And I know that you care for me.”