X
 08.04.2017 Образование

Прогласот на студентите од Универзитетот во Белград - лутината и бесот се секогаш причина за промена

Студентите од белградскиот универзитет ги поддржуваат колегите од Нови Сад, а на нивните барања додадоа и ревизија на избирачките списоци.

protest
Фото: Nedeljnik


Ги поддржуваме барањата на студентите од Универзитетот во Нови Сад, пишува во Прогласот на студентите од Универзитетот во Белград.

Студентите од Нови Сад ги изнесоа нивните барања до чие исполнување ќе траат нивните протести. Студентите од Белград го додадоа и барањето за средување на избирачкиот список. Во Прогласот се наведени следните барања:

1. Промена на членовите на РИК, поради непочитување на одлуката на Уставен суд
2. Промена на членовите на советот РЕМ, поради нереагирање на повеќе од сто прекршоци и пријави
3. Разрешување на Маја Гојковиќ, поради блокада на работата на Народното собрание
4. Промена уредникот на информативната програма на РТС, поради режимско известување и нееднаква застапеност на кандидатите
5. Ревизија - средување на избирачкиот список со цел да се утврди точен број на гласачи и после тоа воведување на електронско гласање со јасна заштита против манипулација.

Српските експерти велат дека младите луѓе во Србија се поставија како сопственици на иднината, и нормално е за неа да се посебно заинтересирани.

Лутината и бесот се секогаш барање за промена. Затоа мислам дека промената е клучен збор бидејќи оние ко исе надеваа дека ќе дојде до некои промени сега сфаќаат дека тоа нема да се случи во блиска иднина и тоа за нив е неприфатливо. Затоа имаат потреба својата фрустрација, разочарување и бес да го искажат и покажат, бидејќи им е доста од чекање на следните избори кои се далеку.

Не е добро кога голем дел од младите луѓе ја доживуваат сопствената држава како некој вид „нивна“ или „непријателска територија“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование