X
 09.04.2017 Технологија

Приказната за Ерика, најавтономниот хуманоиден робот

ерика
Фото: Screenshot YouTube

Во свет каде луѓето мечтаат за страсни романси со виртуелни асистенти, границата помеѓу луѓето и машините постепено исчезнува. Но, ниту еден друг високо-технолошки изум не ја нарушува оваа дихотомија повеќе од Ерика, најавтономниот робот во светот.

Во овој нов краток документарен филм се раскажува приказната за 23 годишниот андроид, Ерика и нејзиниот „татко“ - јапонскиот гуру за роботика, Хироши Ишигуро.

Родена во пресекот помеѓу технологијата и филозофијата, Ерика ја поместува самата дефиниција за тоа што значи да се биде човек.

Таа има смирувачки глас, но дали има душа? Токму ова е една од работите кои Ишигуро и неговиот партнер Дилан Глас го екстраполираат во овој 15 минутен документарец.

Запознајте ја Ерика и запознајте се со нејзините идиосинкрезии гледајќи го целосниот документарен филм во видеото подолу.

Доколку сакате да ѝ поставите прашање на Ерика, „The Guardian“ моментално прима писма од читателите, па ги бара најинтересните прашања од нив.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија