X
 11.04.2017 Наука

Научниците создале вештачки орган кој ќе се бори против канцерогените клетки

Научниците развиле вештачки тимус, орган кој е круцијален за човековиот имунолошки систем, кој може да произведе специјални Т-клетки, кои ќе се борат против канцерот.


Се работи за бели крвни зрнца кои природно се борат против болеста како дел од нашиот имун систем, но вештачките верзии би таргетирале само одредени форми на канцер. Во човечкото тело, тимусот ги користи матични клетки за да создаде Т-клетки, кои потоа се борат со инфекциите во телото. Но, како што луѓето стареат и се разболуваат, тимусот е се помалку ефикасен.

Тим на научници од Универзитетот во Калифорнија, со помош на вештачкиот тимус, претворале матични клетки во Т-клетки кои напаѓале канцерогени клетки, а ткивото го оставаат здраво. Т-клетките се собираат од пациенти, повторно се програмираат со правилни рецептори, а потоа се враќаат во телото.

Во лабораториски тестови, научниците успеале да создадат вештачки тимус чие производство на Т-клетки е многу слично на природниот процес, но вештачкиот има во себе само рецептори кои се борат против канцер.

Истражувањето ќе продолжи да се развива, а научниците се надеваат дека се на прагот на пронаоѓање побрз и поефикасен начин за справување со ракот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука