X
 12.04.2017 Препорачани огласи

БАС објавува конкурс за стипендии во вкупна вредност од 40.000 евра

Високата школа за менаџмент Бизнис академијата Смилевски – БАС објавува Конкурс за доделување на стипендии за редовни студенти за Додипломските студии по Оперативен менаџмент за генерацијата 2017/2020 година.



За кандидатите кои ќе аплицираат за оваа студиска програма, Академијата обезбедува стипендии во вкупна вредност од 40.000ЕУР. Стипендиите се во висина од 20% до 90% од вкупната школарина, а се доделуваат во зависност од конечното рангирање на кандидатите.

Стипендиите ќе се распределат врз основа на резултатите од спроведената проверка на познавања од областа на Менаџмент и Бизнис.

Тестирањето ќе се спроведе во сабота, 29 април 2017г, со почеток во 10:00ч., во просториите на Академијата во Скопје и Битола.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Кандидатите кои ќе конкурираат за една од стипендиите за додипломските студии по Оперативен менаџмент треба да ги исполнат следните услови:
Да се државјани на Република Македонија
Да се на возраст од 17-22 години
Да се матуранти или да имаат завршено средно образование
Да ги приложат побараните документи во апликацијата (оригинал/фотокопија), на денот на тестирањето
Да пополнат и поднесат пријава за учество на конкурсот.

Пополнете ја пријавата тука!

Кандидатите со најдобри резултати од тестирањето ќе бидат повикани на завршно интервју во Академијата.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Краен рок за пријавување на кандидатите е петок, 28 април 2017 година, до 21:00 часот.
Дополнителни информации на: 02 245 57 54 и 047 225 218.
Активен до:    28.04.2017

Издвојуваме

Препорачани огласи