X
 12.04.2017 Наука

НАСА најави голема пресконференција за новинари: Дали постои живот на другите планети?

konferencija novinari
Фото: Youtube screenshot

Наса утре во 20 часот по наше време, ќе одржи голема пресконференција за новинарите на која ќе ги објави резултатите од „големата потрага по живот надвор од Земјата“.

Од Наса изјавија дека ќе разговараат и за плановите за „идни истражувања на океанските светови“. Агенцијата често организира вакви конференции кога сака да објави важни информации.

Новите истражувања се однесуваат на нашиот сончев систем, а помеѓу останатото ќе ги објават откритијата на леталото „Касини“ испратено на Сатурн кое истражува дали има живот на оваа џуџеста планета. Неодамна тие пронајдоа вода на Марс и цел сончев систем близу нашиот кој би можел да биде населен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука