X
 13.04.2017 Образование

УКЛО го организира традиционалниот „Отворен ден“

uklo
Фото: Отворен ден УКЛО 2016 г.


Во насока на промовирање на студиските програми и запознавање на потенцијалните студенти со можностите и перспективите за студирање на Универзитетот „Св.Климент Охридски” - Битола на прв, втор и трет циклус студии, УКЛО го организира традиционалниот „Отворен ден”.
 
Настанот ќе се одржи на 28 Април 2017 на платото на Плоштадот Магнолија во Битола, во периодот од 12 до 14 часот.

Освен што идните студенти ќе имаат можност да се запознат со студиските програми што се нудат на единиците на УКЛО, сите заинтересирани посетители непосредно ќе добиваат информации за можностите за добивање стипендии, остварување мобилности и вонаставни активности на УКЛО.

Настанот ќе биде збогатен и со музичка програма.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование