X
 14.04.2017 Живот

Малала Јусуфзаи доби канадско државјанство

На пакистанската активистка, Малала Јусуфзаи ѝ беше подарено почесно канадско државјанство од премиерот на Канада, Џастин Трудо.

малала
Фото: Lars Hagberg/Afp/Getty Images

19 годишната Јусуфзаи е најмладата личност која ја добила оваа награда, како и најмладата личност која зборувала во канадскиот парламент.

Во 2012 година таа била застрелана од Талибанците бидејќи се залагала за образование за девојките. Од преживувањето на нападот па наваму, Јусуфзаи доби Нобелова награда за мир и таа продолжува работи како активист за образование на девојките.

Недамна таа започна кампања чија цел беше да ги натера светските лидери да гарантираат за образованието на децата бегалци.

Јусуфзаи го пофали Трудо, велејќи дека тој ги почитува бегалците и правата на жените и е вистински пример за светот.

„Како што светот се молеше за нејзино опоравување, бевме потсетени дека куршумот не си може со идејата“, изјави Трудо.

Кога го прифати канадското државјанство Малала рече: „Почестена сум со ова почесно државјанство од вашата земја. Иако секогаш ќе бидам горд државјанин на Пакистан, благодарна сум што сум почесен член на вашата нација на херои“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот