X
 18.04.2017 Образование

Меморандум за соработка помеѓу УИНТ и Универзитетот СОКА - Токио

Во просториите на Универзитетот СОКА со седиште во Токио во име на Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” Нинослав Марина, амбасадор на Република Македонија во Јапонија Н. Е. Андријана Цветковиќ и Претседателот на Универзитетот СОКА Јошихиса Баба потпиша Меморандумот за соработка помеѓу двата универзитета.



Меморандумот предвидува соработка помеѓу универзитетите преку размена на студенти и професори, соработка на истражувачки проекти и публикување на резултатите. Во текот на годината висока делегација од Универзитетот СОКА ќе го посети Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” Охрид, по што ќе започне и предвидената студиска размена.

По овој повод Амбасадорот Цветковиќ изрази задоволството од потпишувањето на Меморандумот за соработка, истакнувајќи дека истиот ќе придонесе за зајакнување на соработката во образованието и зајакнување на билатералните врски меѓу Република Македонија и Јапонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование