X
 20.04.2017 Култура

„Децата се денес попаметни, а светот потрагичен“ - така зборуваше Рашо Попов

Во Белград почина легендарниот книжевник и новинар Радивој Рашо Попов. Еве неколку цитати од неговото последно интервју.

рашо попов
Фото извор: Nedelne Novine


- Децата се денес паметни, а светот потрагичен. Ова време не е добро, има многу дивјаштво на сите страни. Светските политичари кажуваат лаги, започнуваат нови војни, се караат како продавачи на пазар, а не се ниту културни ни образовани. На секој чекор се случуваат грди работи.

- Во книгата за Ѓоковиќ реков: „Кога Новак победува болните оздравуваат. „Кога два пати се оперирав од рак, најголема радост ми претставуваше победата на Џоковиќ. Новак треба да се препишува како лек во секоја терапија.“

- Кога ќе видам на улица татко што носи бебе, се смеам од радост и блажество. Тоа се вистински луѓе. Тие ја чуваат светоста на семејството затоа што се прави татковци. Кога мајката го носи детето тоа се подразбира. Со мислите упатени на Марија Монтесори во својата книга дознав дека за разлика од мажите, жените поседуваат извонреден дар за планирање и организација. Обично се мисли дека мажите се главни планери, но тоа е заблуда. Таа и семејството го држи на куп, го негува и подига.

- Исчезна либерализамот, се појавија десничарската диктатура на личноста, па денес интелектуалците не сметаат на идеолошката комисија на Сојузот на комунисти, туку на разни опскуранти. Уште во мое време се приметуваше дека високите интелектуалци доаѓаат од провинција, дека провинцијата раѓа гении.


- Мојата најнова книга со песни се вика „Животот е сладок брате, кој би сакал на гроб да се прати“. Во Лондон го видов тој натпис. Треба да се најде задоволството во малите работи.

- Секоја вечер на синот и ќерката им раскажував приказни. Барем 1000 сум ѝ раскажал на ќерката и исто толку на синот, а на внуците малку помалку, затоа што беа далеку. Во тоа подеднакво уживавме – и тие и јас.

- Обожавам да одам во кафана на Палилујскиот пазар, таму ручам. А кога штедам – тогаш јадам чварки. Пред некој ден слушнав еден говорник како вели: „Толку се сиромашни што немаат ниту за чварки“. Овие денови баш ги јадам, па изгледа дека дојдов до пензионерско сиромаштво. Што да правам кога сакам чварки.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура