X
 20.04.2017 Култура

Најнови филмови кои може да ги гледате во Синеплекс

МАША И МЕДО


 
Големиот светски хит,  анимираниот филм "Маша и Медо" ќе биде прикажан во киното Cineplexx на 20. Април. Руската анимирана серија "Маша и Медо" е една од најпопуларните франшизи благодарение на благородните ликови Маша и нејзиниот пријател Медо, остар хумор и забавно третирање на актуелните теми со едукативна содржина.

Емитувана во 120 земји, а за само 20 видеа на YouTube каналот беа собрани над милијарда прегледи. По огромниот успех постигнат од страна на креаторите во соработка со дистрибутерите во различни земји од целиот свет одлучија да им овозможат на најмладите и нивните родители да уживаат во својот омилен цртан на големиот екран!

"Маша и Медо"  ја освои наградата за најдобра анимација во категоријата на "креативен талент" на престижниот Kidscreen фестивал 2015 година во Мајами. Популарното списание “Animation  Magazine“  еден од аниматорите на филмот Олег Кузовков го сврсти во листата на изведувачи кои постигнаа значаен придонес во развојот на оваа индустрија, а цртаниот филм беше вклучен во листата на " Animag 250: ТВ емисии кои се предодредени да станат класика”.

Интересните ликови и приказната не се единствените "виновници" за еден ваков голем успех на  "Маша и Медо". Аниматорите поминуваат часови и часови обидувајќи се да креираат голем број изрази на лицето и реакции на анимираните ликови, за што поавтентично да ги пренесат емоциите. Анимацијата се работи многу внимателно до детали, како што е храната во фрижидерот или пак цвеќето на ливадите.

Не пропуштајте го ова искуство! Идеална прилика за прв пат во киното Cineplexx!

Од 20.aприл во Cineplexx!

 
ВИКИНГ




Во 10-ти век во Киевска Русија по смртта на неговиот татко, младиот принц Владимир од Новгород е присилен на егзил преку замрзнатото море од неговиот полубрат Јарополк, убиецот на неговиот брат Олег и освојувачот на викингшката територија од Киевска Русија.
Стариот војник Свенелд ќе стори се за да го убеди  Владимир да состави војска и да се обиде да го освои Новгород од неговиот брат соочувајќи се со силната византиска војска.


НОЖ ВО ГРБ


 

Живеејќи во периферијата на Глостершир, три генерации на фамилијата Катлер, озлогласеното семејство на професионални криминалци своето слободно време го поминуваат планирајќи ги  следните грабежи.
Чад, најстариот син, е подготвен да го стави криминалниот живот во минатото и да започне мирен фамилијарен живот. Но, неговите планови набрзо се нарушуваат кога неговиот татко Колби е под полициска истрага, а тој се наоѓа на животна раскрсница помеѓу потребата да му помогне на својот татко или да го започне неговиот толку посакуван фамилијарен живот..
COLOSSAL

 

Глорија е обична девојка која откако е избркана од нејзиниот стан во Њујорк од страна на нејзиниот дечко е принудена да се врати во својот роден град.
Откако ќе ги слушне вестите дека огромно суштество го уништува Сеул, доаѓа до сознание дека нејзиниот навидум обичен живот има огромен ефект врз судбината на светот.  

МАЛИОТ ГАНГСТЕР


 

Приказната го следи момчето Рик уморено од секојдневните тормозења на училиште кое решава да ги измами сите велејќи дека потекнува од мафијашка фамилија, а неговиот татко е нејзин водач. Неговата идеја на почетокот е успешна, но текот на настаните бргу ќе го смени тоа.

РЕКВИЕМ ЗА Г-ЃА Ј


 

Реквием за г-ѓа Ј е драма за економската транзиција за земјата коja ги „изеде“ своите деца, оние луѓе кои секогаш работеле чесно и не успеале да се прилагодат и да се справат со новото современо време.
Приказната ги следи животите на четирите жени кои припаѓаат на повеќе различни генерации, финансиските проблеми на мајката, проблемите и незгодите на двете ќерки и тивката и повлечена свекрва.


Неделна програма 20.4 – 26.4.2017

Брзи и Бесни 8
Секој ден:  15:00, 16:00, 16:40, 17:30, 18:30, 19:20,20:00,  21:00, 22:00, 22:40
Викенд: 12:00, 13:00, 14:00, 15:00, 16:00, 16:40, 17:30,  19:20, 20:00, 21:15, 22:00, 22:40

Убавицата и Зверот 3Д

Секој ден: 15:45, 21:30

Убавицата и Зверот 2Д
Секој ден освен:  20:15

Викинг
Секој ден: 19:10, 21:15

Колиба
Секој ден: 23:00

Реквием за Госпоѓа Ј
Секој ден освен четврток:
22:20

Нож во грб
Секој ден: 20:30, 22:50

Колосал
Секој ден: 18:20, 20:40

Во голем стил
Секој ден: 21:45

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Маша и Медо
Секој ден: 15:15, 16:30, 17:45, 19:00
Викенд: 11:00, 12:40, 15:15, 16:30, 17:45, 19:00

Малиот Гангстер
Секој ден: 15:10, 17:10

Малиот Директор 3D
Секој ден: 15:30, 17:20, 19:40
Викенд: 11:20, 13:20, 15:30, 17:20, 19:40

Малиот Директор 2D
Секој ден: 16:20, 18:10
Викенд: 12:20, 14:20, 16:20, 18:10

Штрумфови Скриеното Село 2D
Секој ден: 16:10, 18:45


ОПЕРА, МЕТРОПОЛИТЕН 2017

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН, HD сателитски пренос во живо
Сабота: 18:55

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура