X
 26.04.2017 Технологија

Џек Ма: Роботи ќе ги заземат работните места на извршните директори

Сопственикот на „Алибаба“, Џек Ма, посочува дека извршните директори би можеле да си ги изгубат работите со развојот на вештачката интелигенција.

фото извор: Getty

Тој потсетува дека уште пред 15 години зборувал како Интернетот ќе влијае на сите индустрии. Според него, технологијата кај луѓето ќе предизвика повеќе болка, отколку среќа, во наредните три декади. Социјалните конфликти ќе имаат влијание на сите индустрии и на животот воопшто. Вештачката интелигенција ќе напредне, а со тоа ќе дојде и до губење на работни места за многумина. Машините треба да го прават само она кое луѓето не можат, смета Ма.

Џек Ма истакнува дека за 30 години, на местата на извршните директори ќе бидат роботи. Сепак, Ма вели дека роботите можат да бидат дури и подобри извршни директори од луѓето бидејќи ќе имаат подобра меморија, ќе бидат побрзи и нема да чувствуваат лутина кон конкурентите.

Експертите сметаат дека тоа што роботите ќе го заземат местото на луѓето и не е толку лоша работа, со оглед на големата количина на пари која ја заработуваат извршните директори. Нивното место ќе го заземат роботи, а парите може да се инвестираат во други новитети или во зголемување на платите на луѓето.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија