X
 27.04.2017 Култура

И Канада го започна проектот „основен приход за секого“

trudo
Фото: Getty images

Трудо сепак не можеше да одолее на предизвикот да го покрене и во Канада овој интересен социјален проект.

Пилот проектот ќе започне во канадскиот град Онтарио и ќе трае три години. Се планира 4.000 лица да добијат дополнителен џепарлак, без оглед дали добиваат или не плата.

Секое лице годишно ќе може да добие најмногу 16.989 долари. Пеесет проценти од секоја дополнителна заработувачка ќе бидат одземени од тој дополнителен приход.

На пример, ако некој заработува 10.000 долари годишно, ќе добие 11.989 долари дополнителен приход (16.989 – 10.000/2). На овој начин, годишната заработувачка на лицето ќе биде вкупно 21.989 долари.

Учесниците во проектот ќе се избираат по пат на случаен избор. Канада на овој начин се приклучи кон групата на Финска, Холандија и Сан Франциско, кои веќе го спроведуваат проектот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура