X
 27.04.2017 Технологија

Иновации кои го олесниле патувањето

Каде ќе беше човештвото да не постоеше компасот или парната машина? Следните 10 иновации го довеле човекот до денешното живеење.


1. Припитомени коњи

Експертите веруваат дека првите коњи  биле припитомени  некаде пред  4000 до 6000 години, во северен Казакстан. Тоа го променило речиси секој аспект од човековото живеење, од ловење, до земјоделство и истражување.

2. Тркало

Сметаме дека тркалото е едно од најосновните откритија, но општеството напреднало многу порано пред и да биде измислено тркалото. Се создавале бродови за пловење, мусички инструменти пред  тоа, а откако било создадено тркалото, се промениле многу работи во креирањето предмети.

3. Компас

Првите компаси не биле користени за навигација, туку за претскажување кои ги користеле Кинеските прогнозери во 2 век п.н.е. Тие идентификувале локации за извршување ритуали. Но, подоцна ја вреднувале и навигациската помош која ја дава компасот, па потоа Кинеските морнари можеле да патуваат и до Саудиска Арабија без да се изгубат.

4. Големи бродови

Викинзите го владееле светот. Нивните неверојатно долги бродови биле елегантно подобрување на веќе постоечките бродови. Бидејќи биле плитки и не биле тешки, со нив можеле да пловат по реки, а биле доволно силни за да пловат по океани.

5. Парна машина

Џејм Ват ја добива заслугата за овој изум, но развојот на парната машината е продукт на многу умови низ историјата. Идејата била развиена до толку што потоа се применувала во фабрики, локомотиви, оружје и бродови.

6. Мотор со внатрешно согорување

Неверојатно откритие кое започнало околу 17 век, а потоа постепено се развивало.

7. Авион

Авионите се едно од најголемите иновации кои го олесниле транспортот во голема мера.

8. Сериско производство

Во почетокот кога се изработувале само неколку автомобили, на пример, тие биле исклучително скапи. Со сериското производство, се било подостапно за поголема маса на луѓе.

9. Метро

Во големите градови, секогаш има голем метеж и од луѓе и од сообраќај. Метрото, или подземната железница е одличен изум за олеснување на транспортот и забрзување на целокупниот процес.

10. Кредитни картички

Никој не би сакал да патува со полн џеб пари. Кредитните картички ја олеснуваат работата во таа смисла, помагајќи да се вршат трансакции без притоа корисникот да ја чувствува одговорноста заради носењето на голема количина пари со себе. Денес е дури и тешко да се замисли животот без нив, бидејќи го олеснуваат функционирањето на многу начини.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија