X
 28.04.2017 Образование

Ова се занимањата со завршено средно за кои има работа во Македонија

Ѕидар, столар, електричар, келнер, пекар, монтер, автомегханичар.... Во Македонија има голем број на слободни работни места за кадар со завршено средно образование, соопштуваат од Агенцијата за вработување на Македонија. Со оглед на тоа што се ближат уписите во средно образование кои започнуваат на 28  јуни, учениците што завршуваат основно образование треба да одлучат каде ќе се запишат. Голем е изборот на профили во средните стручни училишта со кои ќе може да најдат вработување ако не се одлучат за упис на факултет. Покрај личната желба и афинитети, секако во предвид треба да ги земат и податоците за слободни работни места на пазарот на труд. Од Агенцијата за вработување ни ги испратија овие листи на занимања со средно и со вишо образование за кои во моментот има најмногу слободни работни места.



Со средно или вишо образование (програми за средно и вишо образование освен универзитетско): комерцијалист, техничар за помош на корисници, фармацевтски техничар, електротехничар, инструментален оптичар, референт за продажба, оператор на медицинско-скенерска опрема, оператор за машинско одржување, главен готвач, медицинска сестра, компјутерски техничар, техничар за фармацевтски производи, техничар-технолог, електротехничар за инсталација и опрема, машински техничар, администартор, книговодител, сообраќаен техничар, техничар за телекомуникации.

Со средно образование (програми за средно образование): шивач, продавач, шивач на текстил, оператор на полуавтоматска машина, градежен работник, возач на камион (на автобус, товарно возило, такси, лесни доставни возила), келнер, обезбедувач(заштита на имот и лица), бравар, кројач, заварувач, готвач, шанкер, пекар, помошник готвач, кондитори, бармен,  ракувач со градежни машини, ѕидар, столар, електричар за одржување, монтер на градежни елементи, автомеханичар, електромонтер, армирач, фасадер, електроинсталатер, водоинсталатер.
Подготвил: М.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование