X
 28.04.2017 Живот

Временска прогноза за продолжениот викенд што следува

Денес е петок, 28 април 2017 година, 118-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:29, а ќе зајде во 19:31 часот. Денот ќе трае 14 часа и 02 минути.

Како што и вчера најавивме, денеска денот го започнуваме со претежно сончево време со појава на локална облачност но и невообичаено топло утро за овој период од годината со температури кои се за неколку степени над просекот за овој период од месец април.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне зголемување на облачноста што ќе услови умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и многу топло време, а во крајните северозападни планински предели со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури во пораст од 5 до 12 степени, додека пак максималните дневни ид 20 до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево со појава на локална облачност и топло време, а попладне зголемување на облачноста и умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и топло. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и малку посвежо време со благо опаѓање на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 17 до 28 степени, со напомена дека во попладневните и вечерните часови постојат услови за локални врнежи од дожд со исклучок во западните и југозападните предели. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди и свежо време. Утринските температури од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање поради продор на ладна воздушна маса од север и ќе се движат од 11 до 21 степени. Во понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со пораст на температиурите, попладне во северозападните, западните и југозападните предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните до 16 до 27 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални 18 односно 29 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време со максимална температура до 27 степени. Доцна попладне со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Во недела умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди и посвежо време и минимална температура од 12 степени, а максималната дневна до 21 степен. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло време, попладне зголемување на облачноста и дневна температура до 26 степени. Во вторник претежно сончево и топло време и максимални 28 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот