X
 01.05.2017 Технологија

„Гугл“ во тајност гради џиновски цепелин, никој не знае за која намена


Црно-бела фотографија од цепелин
(Фото: US Naval Historical Center/Public domain)

„Блумберг“ дознава дека ко-основачот на компанијата „Гугл“, Сергеј Брин, е зафатен со идејата за џиновски цепелин што во тајност го гради НАСА, во истражувачкиот центар Амес. Пред три години, Брин видел фотографии од дирижабелот USS Macon (ZRS-5), произведен во 1931 година, што го користела воената морнарица на САД од 1933 до 1935 година.

Macon бил воздушен брод долг речиси 240 метри и служел како носач на авиони. Цепелинот на Брин ќе биде исто толку голем така што да собере еден цел конструкциски хангар.

Сѐ уште е непознато за што ќе му служи леталото на Брин, само се знае дека уште во 2014 година, „Гугл“ го најмил воено-цивилниот аеродром на НАСА, Мофет, во траење од 60 години. Постојат информации дека проектот го води д-р Алан Вестон, експерт кој до пред неколку години бил директор на истражувачкиот центар Амес.

Во 2013 година тој изјавил дека работи на цепелин што ќе се полни со хелиум. Веќе извесно време се знае дека и „Амазон“ ја разгледува идејата за транспорт со летала.  Во декември минатата година беше објавена вест дека „Амазон“ патентирал лебдечки складишта и тоа на висина од 14 километри, што ќе се снабдуваат со стока со помош на транспортни дронови. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија