X
 01.05.2017 Живот

Кои земји се инволвирани во војната во Сирија?

Американската телевизија „CNN“ се обиде преку едноставен инфографик да ја долови сложеноста на ситуацијата во Сирија - кои земји се во конфликт но и кои надворешни фактори се вмешале во војната.

војна
Фото: CNN

Војната во Сирија започнала како бунт против претседателот Башар Ал Асад, но сега постојат многу инволвирани страни вклучени во неа.

Екстремистичката група ИСИС контролира голем дел од земјата, но џихадистите се нападнати од сите страни. Против нив се бори курдиската милиција (YPG) како и нејзините партнери.  Бунтовничките групи како што е Слободната сириска армија и Сириските демократски сили се исто така против ИСИС. А тука се и конкурентните исламистички групи како Јабхат Фатех Ал Шам (некогашен Ал Нусра Фронт).

Америка ги поддржува Курдите, но Турција е против нив бидејќи се плаши од курдиски сепаратизам. Но, Турција ја остави Америка да ја бомбардира ИСИС од една од своите бази.

Русија го поддржува сирискиот претседател Башар Ал Асад и се бори против ИСИС.

Америка исто така се бори против ИСИС но таа ги бомбардира и сириските воени цели како знак на одмазда поради наводниот напад со хемиско оружје врз цивили.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот