X
 01.05.2017 Образование

„Не можете да се научите како да размислувате критички ако одите преку структуриран процес“

Предавањата на Конор Мичел се случуваат онлајн. Тој нема никакви испити и секоја година студира во различна земја.

факултет

Дали неговиот пристап кон учењето е поглед кон иднината или ризикува на големо?

Со високите трошоци за факултет и достапните бесплатни онлајн курсеви на интернет, некои луѓе се обидуваат да ја доведат во прашање потребата за традиционално образование кои ги оптоваруваат студентите и нивните родители со голем долг.

Образовните старт-ап компании нудат алтернативи - од кампови до акредитирани програми за диплома - а нивните основачи велат дека овие опции на студентите ќе им овозможат порелевантно образование на пазарот на трудот и по пониска цена.

Но, некои експерти предупредуваат дека станува збор за коцкање со практична настава насочена кон една област која се бара денес, меѓутоа може студентите да ги остави неподготвени за работните места утре. Тие исто така велат дека на повеќето кандидати ќе им бидат потребни дипломи од етаблирани институции за да добијат добра работа.

„Minerva“, акредитиран четиригодишен универзитет за уметност сака повторно да воспостави настава но со критичко размислување наспроти учењето денес.

„Не можете да се научите како да размислувате критички ако одите преку структуриран процес“, вели основачот Бен Нелсон.

Сите предавања на овој универзитет се случуваат онлајн. Интерактивната платформа е дизајнирана за ги држи студентите ангажирани и на наставниците им овозможува да им се јавуваат на нивните студенти. Студентите на „Minerva“ започнуваат да учат во Сан Франциско, па потоа поминуваат време во Берлин, Буенос Аирес, Аргентина, Тајпеј, Тајван и други глобални центри.

Цената е 29.000 долари годишно за школарина плус соба. Првиот клас започнал со учење во 2014 година, така што рано е да се дава оценка за стапките на вработеност. Нелсон вели дека секој студент од првата година кој одбрал да работи минатото лето имал место каде да стажира.

Но, Питер Капели, професор на Училиштето Вартон при универзитетот во Пенсилванија кој го проучува пазарот на трудот во Америка, смета дека студентите преземаат голем ризик со запишувањето на релативно непозната програма.

Но, некои иноватори велат дека дипломата наскоро ќе биде застарена. „MissionU“, универзитет кој започнал со прифаќање на првите апликации минатиот месец, нуди една година програма во анализа на податоци и деловна интелигенција без диплома и без школарина. Како дел од договорот на приход, студентите му враќаат на универзитетот 15% од нивната плата, три години, ако заработуваат најмалку 50.000 долари годишно. Досега, училиштето има добиено над 3.000 апликации.

Студентите ќе земаат онлајн курс на кој предаваат важни едукатори и ќе прават вистински проекти и задачи за различни компании. За запишување нема да биде потребно средно образование.

„Само затоа што можете добро да се подготвите за тест, не значи дека ќе напредувате како соработник на една голема компанија“, вели Адам Браун, основачот на „MissionU“.

Тој го основал универзитетот откако видел како неговата сопруга се борела да го отплати студентскиот долг кој достигнал 100.000 долари.

„Цврсто започнав да верувам дека нашиот високообразовен систем е фундаментално скршен и дека не работи за поголемиот дел на млади луѓе кои одат на факултет за да изградат подобар живот и кариера“, вели тој.

Некои работодавци се согласуваат дека традиционалното универзитетско образование не е толку релевантно во денешната економија како што некогаш беше. „Google“ го поништи критериумот за високо образование кој го бараше како услов за вработување во компанијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование