X
 01.05.2017 Наука

Стивен Хокинг: „Потенцијалот на човечкиот мозок и на вештачката интелигенција е ист“


Стивен Хокинг
(Фото: Getty images)

„Мислам дека не постои суштинска разлика меѓу она што може да го постигне природниот мозок и она за што е способен компјутерот“, изјавил Стивен Хокинг на Глобалната конференција за мобилен интернет во Кина, споредувајќи го потенцијалот на човечкиот мозок и вештачката интелигенција.

Меѓутоа, физичарот смета дека вештачката интелигенција може да се усовршува со поголема брзина и дека таквото темпо е недостижно за еволуцијата на човекот.

Хокинг, исто така, истакнал дека забрзаниот развој на високата технологија без проценка за можните последици по човекот, претставува голема опасност.

Научникот рекол дека вештачката интелигенција може да биде и благослов што ќе помогне во борбата против сиромаштијата и дека ќе ја подобри животната средина, но и опасност по постоењето на човештвото.

Претходно Хокинг изјавил дека ширењето на вештачката интелигенција може да доведе до потреба за создавање светски влади. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука