X
 02.05.2017 Технологија

„Facebook“ ги истражува објавите на тинејџерите за маркетиншки цели

Од „Facebook“ е побарано извинување откако било откриено дека ги проучува тинејџерите кои поставуваат објави на платформата, за да откријат кога биле ранливи, на емоционален план.


Документ кој излегов во јавноста, открил дека компанијата може да утврди дали корисниците на возраст од 14 години се чувствуваат несигурно, анксиозно или безвредно.

Од компанијата истакнале дека користеле податоци за да таргетираат рекламни пораки на тинејџерите, потенцирајќи дека истражувањето само им помагало на фирмите да разберат како луѓето ги користат социјалните мрежи.

Всушност, компанијата анализирала објави, фотографии и статуси од тинејџерите, за одреди дали во моментот корисниците се чувствуваат поразено, нервозно, или се под стрес.

Facebook“ им дозволува и на 13-годишни деца да креираат профил, но од компанијата истакнуваат дека со ова не ја компромитирале приватноста на корисниците, бидејќи целта била рекламно таргетирање, од нивните веќе јавни објави.

Платформата и порано беше критикувана за манипулирање со емоции и маркетиншки потези кои не се секогаш прифатени и оправдани од многумина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија