X
 02.05.2017 Култура

И покрај критиките, Папата не отстапува од споредбата на бегалските кампови со конц-логори


Папата одмавнува со рака
(Фото: AFP)

Папата Францис истакна дека воопшто не направил лапсус кога во неделата ги критикуваше пренатрупаните мигрантски центри, споредувајќи ги со концентрационите логори. „Тоа не беше лапсус лингва. Постојат бегалски кампови кои се вистински концентрациони логори“, изјави за медиумите папата Францис, враќајќи се од дводневната посета на Египет.

„Во тие логори се затворени илјадници луѓе. Фактот дека си затворен и дека не можеш ништо на направиш, е логор“, беше дециден тој.

Папата на 22 април, при обредот на римскиот остров Тибер изјави дека „заради пренатрупаност, бројни бегалски центри наликуваат на концентрациони логори“. Некои еврејски здруженија, реферирајќи на нацистичките логори од Втората светска војна, ја критикуваа оваа изјава, за разлика од други, кои ја одобрија.

Освен нацистите, кои формираа логори за истребување и робовски труд во 30-тите и 40-тите години од минатиот век, Британците исто така воспоставија концентрациони логори од 1900-1902 година каде ги држеа семејствата на непријателските борци од Втората бурска војна, додека САД формираа таканаречени „центри за преселба“ сместени во пустини и мочуришта за своите жители Јапонци како одговор на јапонското бомбардирање на Перл Харбур.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура