X
 03.05.2017 Живот

Строгите правила за американска виза

виза
Фото: Baxter Reid

Бакстер Реид е 26 годишен Австралијанец од Канбера кој веќе неколку години заедно со неговата девојка Хедер Канцо живее во Америка. Тој има петгодишна американска виза која го условува на секои шест месеци да направи излез од земјата.

Поради тоа, на секои шест месеци со неговата девојка ја посетува Канада, но сега заврши во американски затвор бидејќи задоцнил поради застој на американско-канадската граница.

Неговиот татко Том ја раскажува случката која довела до апсење на неговиот син. Како по обичај, Бакстер и Хедер отишле на уште еден излет во Канада, за Бакстер да го исполни условот на неговата виза. Во саботата, на 23 април, тие дошле на американско-канадската граница во22 часот, а лимитот на Бакстер од шест месеци континуиран престој во Америка истекувал на полноќ.

Никој не знае зошто, но канадските цариници одлучиле подолго време да ги испрашуваат Бакстер и Хедер. Кога завршило испрашувањето било 1.30 наутро, 24 април, што е час и пол после истекувањето на лимитот од 6 месеци. Кога канадските цариници сфатиле дека Бакстер го преминал лимитот за престој, не сакале да го пуштат во Канада, туку го вратиле кај американските цариници.

Тука настанува проблемот. Кога американските цариници сфатиле што се случило со неговата виза, го уапсиле. Моментално се наоѓа во притвор каде би можел да помине неколку недели додека добие сослушување. Неговото семејство и пријателите ја започнале кампањата на „GoFundme“ за да соберат 8.000 долари за судските трошоци на Бакстер и за адвокат.

avstralijanec

„И двајцата бевме смирени додека нè испитуваа на царина, но кога му ставија лисици на рацете и го однесоа во притвор, се скршив и сè уште не можам да престанам да плачам“, изјави Хедер. Моментално собираат средства за адвокат и правни трошоци, а ако не успеат, Бакстер ќе биде депортиран и враќањето во Америка ќе му биде доживотно забранет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот