X
 03.05.2017 Живот

Времето во Македонија во следните 5 (пет) дена

Денес е среда, 3 мај 2017 година, 123-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:23, а ќе зајде во 19:37 часот. Денот ќе трае 14 часа и 14 минути.

Пред нас е уште едно сончево и многу топло утро. Во овие утрински часови насекаде во Македонија преовладува претежно сончево и топло време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со пораст на температурите, кои ќе бидат високо над просекот за овој период од годината. Попладне развој на нестабилност која што во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици во западните, северозападните, североисточните и крајните источни предели, а врнежите ќе изостанат во југоисточните како и понекаде во централните предели. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достогнат до 20 односно до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, попладне зголемување на облачноста и услови за развој на нестабилност која што во доцните попладневни часови ќе услови нестабилно време и локални врнежи од дожд. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претпладне претежно сончево и топло време, попладне развој на нестабилност која ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Врнежи од дожд нема да има во крајните западни и во југозападните предели. Минималните температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни од 19 до 30 степени. Во петок претпладне претежно сончево попладне умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и благо опаѓање на температурите, а поинтензивни врнежи се очекуваат во источната половина од Македонија. Дневните температуриу од 15 до 26 степени. Во сабота преодна стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални температури од 14 до 25 степени. Во недела нов бран на врнежи, умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со максимлани 11 односно 22 степени. Во источните предело локално постојат услови да наврнат и над 20 литри.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток и петок, претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, попладне и навечер нестабилно време со локални врнежи од дожд. Максималните температури од 28 односно од 24 степени. Во сабота претежно сончево време со локална облачност и максимални 23 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и пад на дневната температура која ќе достигне до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот