X
 04.05.2017 Здравје

Дали појадокот е најважниот оброк во денот?

Митот за појадокот дека е најважен оброк во денот им е познат на многумина. Но, во последните години нутриционистите и научниците ова тврдење го ставија под знак прашалник.

појадок


И покрај бројните студии, сѐ уште не се дошло до општо прифатен заклучок. Постои сознание дека одговорот зависи од дневните навики и од возраста. За децата се дошло до заклучок дека појадокот има позитивно влијание на когнитивните перформанси во училиштето, особено кога имале некаква задача за извршување. Но за постарите, ова би требало да се одреди индивидуално и зависи од дневните навики.

И покрај режимот од три оброка што е непишано правило, телото на човекот не секогаш функционира во согласност со него. Ако јадете обилна вечера може да немате потреба за појадок, или ќе бидете гладни подоцна во денот. Ако се будите гладни, веројатно сте јаделе малку или воопшто не сте јаделе.

Научниците и понатаму не нашле врска меѓу одржувањето на телесната тежина и првиот оброк во денот, иако ако сте дијабетичар или имате друго хронично заболување не треба да го прескокнувате.

Појадокот не мора секогаш да ги содржи традиционалните состојки. Едноставно, јадете разновидна храна што Вам најдобро Ви одговара. Единствено што го нагласуваат нутриционистите е хидратацијата на телото. Ако сте гладни јадете, а ако не сте, најдобро е барем да испиете една чаша вода.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје