X
 04.05.2017 Живот

Како да најдете ментор кој ќе го забрза процесот на Вашиот успех во кариерата?

Потребна е храброст од образованите институции да почнете да градите кариера или бизнис. Образованието сигурно ќе Ви помогне, но дефинитивно потребен Ви е некој за да Ви го покаже патот.

менторство


Менторството е важно затоа што почетокот може да Ви изгледа многу страшен. Тешко е да се најде ментор, но ако дојдете до вистинскиот, многу побргу ќе дојде и Вашиот успех.

Расчистете што сакате и што Ви е потребно од Вашиот ментор

Пред да почнете да барате, седнете и размислете што Ви е потребно од него. Ако добиете препорака од пријател е меч со две острици, може да биде добро за нив, а за Вас нивниот предлог да не соодветствува. Побарајте препорака од некој што работи во слична област.

Покажете го Вашиот потенцијал на менторот

Не можете едноставно да прашате некого да Ви биде ментор. Потребено е да покажете што знаете, да го посочите Вашето досегашно искуство за да им дадете насока што сѐ можете да направите.

Подобро е да најдете некој што го познавате да Ви биде ментор

Менторот нема да биде било кој странец. Тој треба да се некој кој Ве познава или некој со кого работите. Ако не успеете да најдете некој од листата на контакти што веќе ја имате, осигурајте се дека личноста што допрва ќе ја запознаете ќе ги има предвид и Вашите лични карактеристики.

Дајте придонес во нешто

Врската со менторот е двонасочна улица. Не треба да бидете себични кога станува збор за давање нешто назад. Искористете ги Вашите вештини да помогнете на Вашиот ментор во нешто на што тој / таа работи, или споделете ги Вашите размислувања. На тој начин ќе знаат дека можат да сметаат на Вас и Вашето знаење.

Тешко е да се направи кариера и за да ги оставрите Вашите амбиции потребен е напор. Да имате ментор е добар избор на патот кон успехот. Вие потрудете се да го пронајдете вистинскиот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот