X
 04.05.2017 Технологија

Внимавајте на оваа измама! Проверете дали ја имате добиено оваа порака

Софистициран „фишинг“ напад моментално кружи низ интернетот, а може да се наоѓа и во вашето сандаче.

напад
Фото: Getty Images

Имено, станува збор за лажен меил се прикрива себеси како официјална порака од „Google“ во која ве предупредува дека некој сака со вас да сподели „Google Doc“. Ваквите известувања се чести и никој не би се посомневал.

Но, доколку кликнете на овој линк и ги преземите чекорите кои се бараат од вас, тогаш хакерот ќе добие пристап до вашето сандаче и потенцијално до вашата листа на контакти.

„Google“ потврди дека знае за проблемот и моментално бара начини како да го реши. Според еден корисник на „Reddit“, откако жртвата ќе кликне на лажниот документ, линкот води до вистинска „Google“ страна која од вас бара да изберете сметка. Откако ќе го направат тоа, корисниците доаѓаат на нова страна која прашува дали „Google Docs“ може да пристапи до сметката.

1

Ако кликнете „Allow“, тогаш напаѓачот ќе добие пристап до вашата сметка, а сите ваши контакти ќе добијат лажна „Google Doc“ покана од вас.

Како можете да препознаете дека станува збор за измама? Прво, поканите на „Google Doc“ изгледаат различно отколку лажните. Еве за споредба. Ја забележувате „Google“ адресата најдолу? Лажната „Google“ нотификација ја нема.

Второ, проширете ја паѓачката опција во менито веднаш до името на испраќачот. Во продолжение е вистинска нотификација од „Google“ за споделен „Google Doc“.

Што да направите?

Ако сте кликнале на линкот и сте дозволиле напаѓачот да влезе во вашата сметка, можете да го вратите пристапот лесно. Прво, одете на страната за дозвола на „Google“. Тука ќе пронајдете листа на апликации кои имаат пристап до сметката. Една апликација, „Google Docs“ е напаѓачот. Отстранете му ја дозволата веднаш и веднаш сменете ја лозинката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија