X
 05.05.2017 Живот

Чудниот спорт на жените во Финска

Во Финска се одржува национален натпревар во скокање, во кој женски учесници јаваат коњи-играчки.

фото извор: Stefan Bremer/Tuffi Films

Иако изгледа забавно и лесно, сепак е комбинација од гимнастика, со дополнителни пречки. Регионалните натпревари се организираат од волонтери, а постојат 10 илјади ентузијасти кои се бават со ова. Најчесто се жени, но многу ретко има и мажи.

Многу од учесниците самите си ги креираат играчките.

фото извор: apnews.com

Неодамна е објавен и документарен филм за овој спорт наречен „Hobby Horse Revolution“. Во филмот, многу учесници говорат за тоа како спортот им помогнал да си ја зголемат самодовербата или да пребродат некој тежок период од животот.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот